По четврт век ниту една од сестрите Вилијамс нема да игра во Мелбурн

Американската тенисерка Венус Вилијамс нема да се пријави за специјалната покана на Австралија Опен, јавуваат австралиските медиуми.

Веќе е познато дека Серена Вилијамс нема да биде на турнирот поради повреда, па славните сестри првпат по 25 години ќе го пропуштат натпреварувањето во Мелбурн.

Серена Вилијамс седум пати ја освојуваше титулата во Мелбурн, додека Венус двапати беше поразена во финалето од нејзината помлада сестра, пренесе Танјуг.

Турнирот во Мелбурн е на програмата од 17 до 30 јануари 2022 година.