По 22 години се вратија во Серија А, па мораат да го менуваат сопственикот!

Салернитана успеа да избори враќање во италијанската Серија А. Овој клуб не настапувал во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал уште од 1999. година. Сепак, тие се уште не се сигурен член на лигата. Имено, сопственик на Салернитана е Клаудио Лотито. Тој воедно е и сопственик на Лацио, а постои пропис кој вели дека во иста лига не може да настапуваат два клубови кои имаат ист сопственик. Затоа Салернитана, доколку догодина сака да настапи во Серија А, ќе мора да го промени сопственикот. Италијаните очекуваат дека Лотито ќе ја продаде Салернитана до крајот на идниот месец, бидејќи веќе има заинтересирани страни. Во нејзината 102-годишна историја, ова за Салернитана ќе биде само трет настап во првата лига. Се работи за клуб за кој, помеѓу останатите, настапувале Валтер Зенга и Џенаро Гатузо.