Правилата за жолти картони ќе бидат променети за следниот Мундијал

Планирано е сите жолти картони да бидат поништени по групната фаза на Светското првенство и четвртфиналето за да се намали веројатноста играчите да ги пропуштат натпреварите од плејофот, објави „Атлетик“.
Се очекува новите правила во врска со дисквалификациите поради акумулирани опомени на турнирот во САД, Канада и Мексико да бидат дискутирани и одобрени на состанокот на советот на ФИФА во Ванкувер кој се одржува денес.
На претходните Светски првенства, жолтите картони истекуваа дури по четвртфиналето. Сепак, со оглед на проширувањето на турнирот на 48 екипи (од претходните 32), ФИФА има намера да ги промени правилата за да го намали бројот на дисквалификации.