Празнувајте ја Женската Сила секој ден!
По повод меѓународниот ден на жената 8-ми март компаниите на КС Групацијата (Голд Фелициа, Голд Слот, Евротип, КС Сервис и Премиум Сејфти Солушн) организираа неколку активности во духот на општествената одговорност. Секоја жена, мајка, девојка заслужува признание за својата улога во обликувањето на општеството и за придонесот кој го дава секој ден. Компаниите од КС Групацијата постојано ги поддржуваат и охрабруваат жените, бидејќи токму тие се двигател на промени од социјален и економски аспект.
Една од тие активности беше поддршката на Голд Фелициа за Конкурсот на Краток Расказ кој 11та година по ред го организира Организацијата на жени од Битола во соработка со НУ Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски – Битола. Темата на конкурсот беше ,,И цвеќе и шлаканица”.
Беа доделени по 3 награди во двете категории – категорија ученици и категорија возрасни.
Претставници од канцелариите на дирекцијата на КС Групација беа присутни на настанот и му ги доделија наградите на среќните добитнички.
На 7-ми март претставнички од канцелариите на дирекцијата на КС Групација присуствуваа на панел дискусија на тема: „Успехот не е случајност. Жените инспирираат и создаваат!“ во организација на Советот за женско претприемништво на општина Битола која се одржа во Офицерскиот Дом. Целта на настанот беше да се прослават жените во бизнисот, достигнувањата на жените, а со тоа да се подигне свеста против дискриминацијата и да се преземаат акции за поттикнување на родовата еднаквост.
На 8-ми март Голд Фелициа донираше професионален инхалатор на клиничката болница “Д-р Трифун Пановски” на одделот Педијатрија. Инхалаторот беше купен со парите од Новогодишниот хуманитарен базар кој се одржа во луксузниот амбиент на Голд Фелициа. Хуманитарниот базар беше организиран во соработка со Ротари Клубот – Битола Широк Сокак и приватната детска градинка Мали Чекори. Инхалаторите ќе бидат од голема важност при секојдневното работење со малите пациенти.
Нашата групација сака да биде пример за сите останати компании и со личен пример да поттикне промени во општеството. Менаџерскиот тим на групацијата сака да акцентира дека “Нашето малку за некого е многу” и повикува на поголема општествена одговорност кај сите компании.