Првата македонска фудбалска лига ќе почне уште во јули

Новата сезона во Првата фудбалска лига со десет екипи ќе започне на 25 јули и ќе има 36 кола или четири кружен-систем.

Во првото коло Вардар ќе игра со Брегалница Штип, Шкендија против Скопје, Струга со Шкендија (А), Силекс ќе оди на мегдан со Башкими а Тиквеш против Арсими.

Првото големо дерби ќе биде на 8 август кога во Скопје кај новиот шампион Вардар ќе гостува тетовска Шкендија. Првиот дел од шампионатот ќе трае до декември а потоа ќе следува зимска пауза.