Првата ѕвезда на Леванте се пресели во Виљареал

Поранешниот капитен на Леванте, Хозе Луис Моралес, сега е веќе играч на Виљареал. Искусниот фудбалер доаѓа како слободен играч, бидејќи неговиот тим отпадна од Ла Лига и тој ја одби понудата за нов договор.

За само еден месец офанзивниот фудбалер познат по прекарот Ел Команданте ќе наполни 35 години. Сепак, тој имаше многу добра сезона за Леванте, постигнувајќи 13 гола и 7 асистенции.

Според „Марка“, Шпанецот кој е роден во Мадрид ја одбил понудата на Бетис. Следната сезона Виљареал ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, а нема ни загарантирано место во групите, но ќе мора да мине низ плеј-оф фазата.