Првенец на Лука Станковски во украинскиот фудбал

Maкедонскиот репрезентативец, Лука Станковски во украинската Премиер лига го постигна својот првенец во дресот на Колос.

Станковски во натпреварот против Верес Ривне од десеттото коло стрелаше во 53-тата минута кога ги постави конечните 2-0. Пред него резултатот во првиот дел го отвори Антон Салабај.

Претходно од почетокот на сезоната Станковски запиша една асистенција.