Првиот човек на Премиер лигата се повлече од функцијата

Гери Хофман потврди дека ја напушта функцијата прв човек на Премиер лигата на почетокот на следната година.

Хофман оваа функција ја извршуваше од април 2020 година, а сега си заминува. Според шпекулациите на Островот тој си заминува поради конфликтот со клубовите кои изразија незадоволство од продажбата на Њукасл.

Голем дел од англиските клубови покажаа разочараност од начинот на кој конзорциумот од Саудиска Арабија го презема Њукасл.

„Одлучив дека дојде време да се повлечам. Премиер лигата ќе добие нов лидер за новите возбудливи предизвици кои следуваат“, изјави Хофман.