Првиот човек на саудискиот фудбал се повлече од должноста

Претседателот на Саудиската фудбалска федерација Јасер ал-Мисехал, ја објави денеска својата оставка, по разочарувачкиот настап на репрезентацијата на Светското првенство. Саудиска Арабија заврши последна во Групата Х со два бода, по нерешените натпревари против Уругвај (1-1) и Зеле’ртските Острови, како и високиот пораз од 4-0 против Шпанија.
„Неуспехот на националниот тим да се квалификува во нокаут фазата на Светското првенство е резултат под сите наши амбиции и јас ја преземам целосната одговорност за тоа. Им се извинувам на сите што се надеваа дека ќе ја видат нашата репрезентација во подобра позиција“, напиша Мисехал на Икс.
Водејќи ја федерацијата седум години, Мисехал одигра клучна улога во кандидатурата што ѝ го обезбеди на Саудиска Арабија правото да биде домаќин на Светското првенство во 2034 година.