Прв гол на Рашфорд, Барса победи и на третиот меч на азиската турнеа

Новиот напаѓач на Барселона, Маркус Рашфорд, постигна еден од головите во победата на Каталонците од 5-0 над Даегу во Даегу.
Тоа беше и крајот на азиската турнеја за Барселона, која ќе игра во Купот Жоан Гампер на 10 август против италијанскиот тим Комо, а на 16-ти овој месец ја отвораат сезоната во Ла Лига со гостување против Мајорка.
Екипата на Ханзи Флик го отвори резултатот во 21-та минута преку Гави, кој доби асистенција од Ламин Јамал и ја упати топката во десниот агол од голот од работ на шеснаесетникот.
Само шест минути подоцна, Роберт Левандовски го зголеми водството на Шпанците.
Во продолжението од првото полувреме, Гави го постигна својот втор гол на натпреварот, по додавање од Жил Кунде.
На полувремето, Ханзи Флик го смени целиот тим, а во 55-тата минута, 17-годишниот Тони Фернандес го зголеми резултатот на 4:0 по убава комбинација помеѓу Дени Олми и Маркус Рашфорд.
Во 65-тата минута, англискиот интернационалец Рашфорд го постигна својот прв гол за новиот тим, примајќи ја топката од Ерик Гарсија.