Предавник или легенда? Трент Александер-Арнолд им соопшти на клубот и навивачите дека ќе го напушта Ливерпул

Трент Александер-Арнолд го информира Ливерпул за неговата намера да го напушти клубот ова лето по истекот на неговиот договор. 

26-годишниот скаусер ќе ја прекине својата дведецениска соработка со „црвените“, откако неговиот договор ќе истечи на 30 јуни 2025 година. 

Александар-Арнолд најави: „Прво сакам да кажам дека тоа не беше лесна одлука и имаше многу размислувања и чувства во неа. Јас сум овде 20 години, ја обожавав секоја минута од тоа, ги постигнав сите мои соништа, постигнав сè што некогаш сум сакал овде. 
 
„Давам сè од себе секој ден. Сега дојдов до точка кога чувствувам дека ми треба нова промена, нов предизвик за мене како играч и како личност. И мислам дека сега е вистинското време да го направам тоа“. 

Александер-Арнолд се приклучи во Академијата на Ливерпул кога имаше шест години и напредуваше низ ранговите на младинско ниво пред да го направи својот прв настап за главниот тим во 2016 година. 
 
Досега има одиграно 352 натпревари за црвените, постигнувајќи 23 гола и освојувајќи осум големи трофеи, вклучувајќи ја и титулата во Премиер Лигата оваа сезона. 
 
Обраќајќи им се директно на навивачите на Ливерпул, тој додаде: „Има многу што би сакал да кажам. Главно, мојата огромна благодарност. Вие ме поддржувавте од самиот почеток, бевте тука за мене“. 

Трент Александер-Арнолд се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид за безплатен трансфер кога ќе му истече договорот.