Пред згаснување холандскиот гигант Витесе
Холандскиот прволигаш Витесе ќе згасне бидејќи нема доволно пари да ги исплати долговите, пренесуваат холандските медиуми.
Постоеше последна шанса клубот да биде преземен од Гус Франк, сопственикот на „Аксиос партнерс“, фирма со седиште во Швајцарија, но тој се откажа и сега клубот е пред банкрот.
Извесно е дека Витесе ќе згасне бидејќи е во безизлезна ситуација. Холандскиот сојуз му ја одзема лиценцата за играње во прва и втора лига. Минатата сезона завршија како последнопласирани на табелата со само шест бода. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојување на купот во 2017 година.