Пред формирање „Бенелига“ – шампионат на Белгија и Холандија

Белгиските клубови, вкупно 25 изгласаа и поддржаа спојување на својот државен шампионат со првенството на Холандија, односно формирање на ново натпреварување.
Оваа информација е објавена на официјалниот сајт на белгиската професионална лига.
„Ваквата желба се темели на почитувањето на спортските амбиции на најголемите клубови и потребата да се обезбеди финансиска стабилност за сите екипи“, се додава во соопштението. Комбинираното првенство ќе го носи името „Бенелига“, а деталите се уште не се објавени.
Лидер во Белгија е Клуб Бриж со 70 бодови, пред Антверпен и Генк (49). Во Холандија Ајакс со 63 бода после 25 кола е прв во шампионатот на Холандија. ПСВ има 55, а АЗ Алкмар 52.