Преку сто натпреварувачи пријавени на Илинденскиот кајак слалом

Во пресрет на 56-то издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2025 денеска на средба со новинарите се појавија министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на Кајакарската федерација на Македонија, Роберт Папазов и најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев.
„Мене ми е мило што продолжуваме една традиција која што треба да се негува и која треба да се цени и да се подигне на уште повисоко ниво. Ние сме генерален покровите како Министерство и сигурен сум дека се ќе направиме како држава, како Влада сите љубители на спортот да уживаат и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред“ – рече Ристовски.
Првиот човек на Кајакарската Федерација, Папазов, нагласи дека ќе има 110 натпреварувачи од 10 земји со гости од Канада и дека прв пат ќе се освојуваат бодови за Светската ранг листа. Нашиот главен фаворит за висок пласман, Петрушев, очекува македонските кајакари да бидат на висина на задачата на ИКАС 2025 кој ќе се реализира на 12 и 13 април