Премиерлигата годишно губи 43 милиони гледачи!
По барање на раководството на Премиерлигата, стопирани се повеќе интернет апликации и веб сајтови кои се занимаваат со нелегално пренесување на телевизиите кои ги имаат правата за вршење пренос на натпреварите во повеќе европски фудбалски првенства, меѓу кои и оние од елитата на Англија.
Според неофицијални информации, повеќе од 43 милиони гледачи во светот ја користеле апликацијата Мобдро, преку која може да се гледаат повеќе од 50 светски познати спортски ТВ канали.
Во целата акција за згаснување на оваа апликација биле вклучени: агенцијата за интернет криминал во Англија и полициите на Шпанија, Англија и Италија.
Сопствениците на Мобдро во минатата година од рекламите кои ги емитувале преку апликацијата заработиле 5 милиони евра.