Премиерлигашите бараат промени во ВАР-системот
Клубовите од Англија побараа од раководството на Премиер лигата да го промени начинот на користење на ВАР системот по примерот на Европското првенство.
Англиските судии, кои беа на Евро 2020, набрзо ќе се сретнат со колегите за да дискутираат за прилагодување на ВАР одлуките. Истражувањето меѓу навивачите во Англија покажа дека повеќето проценуваат дека ВАР ја прави играта неатрактивна со многу прекини.
Претседателот на Комисијата за судии на УЕФА, Роберто Росети, исто така, апелираше до раководството на Премиер- лигата да се користи ВАР системот само во случај на очигледни грешки на главните судии.