Премиерлигашите најзагреани за Корентин Толисо
Баерн може да го продаде својот играч за врска Корентин Толисо, објави „Билд“. Според изворот, 27-годишниот Французин е интересен за Јувентус, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вест Хем.
Исто така во информацијата се вели дека Баерн е подготвен да го ослободи играчот за најмалку 10 милиони евра. Францускиот фудбалер во моментов е во самоизолација откако беше позитивен на тестирање за коронавирус.
Актуелниот договор на Коренти Толисо со германскиот клуб истекува на 30 јуни 2022 година. Порталот Трансфермаркт го проценува фудбалерот на 20 милиони евра. Во сезоната 2020/2021, играчот од средниот ред одигра 16 натпревари во германската Бундеслига и постигна еден гол.