Премиерлигашите потрошија најмногу на агенти во 2021 година

ФИФА соопшти дека фудбалските клубови годинава потрошиле 500,8 милиони долари за такси за агенти или повеќе од претходната и покрај намалените трошоци за трансфери.
Европските клубови учествуваат со 95,8 отсто од вкупната сума. Англичаните се лидери со 133,3 милиони долари, Германија е втора со (84,3), Италија (73,5 милиони долари) а Шпанија, (8 милиони долари). Тука се и Франција (30,3 милиони долари) и Португалија (29,3 милиони американски долари).
Светската фудбалска федерација се обидува да ги промени правилата за фудбалските агенти. Надоместоците за нив ќе бидат ограничени на 10% од сите исплати и 3% од платата на играчот.