Премиерлигашите потрошија 295 милиони фунти оваа зима

Клубовите во англиската Премиер лига потрошија четири пати повеќе во изминатиот месец споредено со јануари во 2021 година.
Тука во преден план се наметна тимот на Њукасл кој има нови богати сопственици. Според проценките, екипите од Островот потрошиле вкупно 295 милиони фунти за трансфери што е многу повеќе од минатогодишнте 70 милиони, но, далеку од 430-те милиони од зимата во 2018 година.
Интересно е дека Манчестер Јунајтед, не потроши ниту денар за нови играчи, но, профитираше од трансферите на Ентони Марсијал и Дони ван де Бек.