Премиерлигашите се „тепаат“ за Алексис Мекалистер

Ливерпул и Арсенал се силно заинтересирани за аргентинскиот репрезентативец и член на Брајтон, Алексис Мекалистер.
Мекалистер, кој има ирски корени се промовираше во еден од најважните играчи на Аргентина на Мундијалот. 23-годишиот играч за врска пристигна во Брајтон од Бока Јуниорс за 12 милиони евра и неодамна го продолжи договорот со англискиот клуб до 2025 година.
Неговата цена после Мундијалот значително порасна, а споменатите клубови се спремни да понудат 40 милиони фунти за неговиот потпис.
Ливерпул и Арсенал се во потрага по квалитетен играч за врска, а Клоп и Артета се големи симпатизери на квалитетите на Мекалистер.