Премиерлигаш го сака Михајловиќ на кормилото
Синиша Михајловиќ наредната сезона би можел за прв пат во кариерата да води клуб надвор од Италија. Иако се уште нема официјална понуда, англиски Кристал Палас е заинтересиран за 52-
годишниот српски тренер, пишуваат италијанските медиуми.
Истите извори потсетуваат на тоа дека клубот од Лондон беше заинтересиран за Михајловиќ уште пред неколку години, а се додава и дека кандидат за клупата е и легендарниот француски
фудбалер, Патрик Виеира. Кристал Палас е на 13. место во Премиерлигата и столчето на Рој Хоџсон не е загрозено, но договорот на 73-годишниот Хоџсон истекува на крајот од оваа сезона, а тој се уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата.
Михајловиќ скоро целиот тренерски век го помина во Италија, започна во Болоња, каде се врати во 2019. година. Водеше само италијански екипи, а кратко беше и селектор на Србија. Летото 2018 година потпиша тригодишен договор со португалски Спортинг, но доби отказ само девет дена по доаѓањето на новата управа.