Премиер лигата го укинува легендарниот „Боксинг деј“

Во англиската Премиер лига изгледа дека ќе дојде до прекинување на една долготрајна традиција, бидејќи на овојгодишниот „Боксинг деј“, кој се одржува на 26 декември, ќе се одигра само еден натпревар. Ова може да предизвика големо незадоволство кај навивачите.

Очигледно е дека притисоците од згуснатиот распоред, предизвикани од проширувањето на натпреварите на УЕФА и новиот формат на ФА купот, ги принудија одговорните во лигата на овој важен чекор.

Премиер лигата има договорни обврски кои ја задолжуваат да обезбеди телевизиски преноси од натпревари во текот на 33 викенди. За да се исполни оваа обврска, Boxing Day, кој оваа година паѓа во петок, најверојатно ќе биде третиран како обичен петок во сезоната, со еден натпревар кој ќе се игра вечерта. Преостанатите натпревари од колото би се играле во сабота, недела и понеделник.

Оваа промена е директна последица на шестгодишниот договор меѓу Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и Премиер лигата, со кој ФА купот е пренесен исклучиво за викендите, а се укинуваат и натпреварите за репетиции. Целта на ова е да се адаптира календарот кон проширените европски натпреварувања.