Премиер лигата е следната дестинација на Леао

Евентуалното заминување на Рафа Леао ќе му овозможи на Милан да изгради супер-напад, проценуваат медиумите во Италија.

Не е тајна дека голгетерот е трансферна цел на Манчестер Јунајтед но, преговорите меѓу двата клуба сè уште не се започнати.

Познато е дека Милан сака само пари за потписот на Лаео иако не се исклучува можност во целиот процес да биде вметнат и некој фудбалер на англискиот состав.