Премиер лигата може да му одземе дванаесет бода на Евертон

Евертон е во голем проблем поради кршење на финансискиот фер-плеј.

„Дејли Мејл“ пишува дека на започнала расправа помеѓу Евертон и Премиер лигата. Постапката се одвива во тајност, а се очекува Премиер лигата да ја објави казната следниот месеци. Премиер лигата го обвинува клубот од Ливерпул за кршење на финансискиот фер-плеј. Евертон во тригодишниот период имал загуба од скоро 372 милиони фунти, а границата е 105 милиони.

Според пришувањето на британските медиуми, Евертон може да биде казнет со одземање на 12 бодови. Финансискиот експерт Киеран Мегваер смета дека тоа би донело многу проблеми за Евертон кој по девет кола е на 16. место со само седум освоени бодови.

„Клубот стравува дека обвиненијата можат да бидат потврдени и дека санкцијата ќе вклучува одземање на бодови. Одземање на 3-4 бода е нешто со кое клубот би можел да се носи, но „минус 12“ бода би биле тежок удар со оглед на нивната позиција на табелата“.