Премиер лигата ќе дозволи гостински навивачи во последните две кола
Клубовите во Премиер лигата биле информирани дека ќе треба да обезбедат услови за присуство до 500 навивачи на гостинските екипи кои би можеле да ги следат натпреварите во последните две кола од шампионатот во живо. Планот е да се примаат до 10 000 гледачи на стадионите, но досега категорично беше наведено дека навивачите на гостинските екипи нема да смеат да патуваат. Во принцип, 10% од капацитетот на стадионот треба да биде наменет за гости, но во овие услови процентот ќе се преполови на 5%. Такво писмо беше испратено од извршниот директор на Премиер лигата Ричард Мастерс за да ги подготви клубовите за планираното олеснување на мерките на владата. Во писмото се нагласува дека мора да се запази ограничувањето на цената на билетите за гостинските навивачи, што е 30 фунти.