Пресврт во желбите: Вирц се сели во Сити за 120 милиони евра?
21-годишниот офанзивен играч за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц сака да се пресели во англискиот Манчестер Сити за 120 милиони евра, објавија дел од медиумите во Англија.
Според истите, германскиот играч за врска сака да го замени Белгиецот Кевин Де Бруин, кому му истекува договорот со „граѓаните“. Фудбалерот претпочита да се пресели во англиски клуб бидејќи не гледа можност да игра во стартниот состав на Реал Мадрид и Баерн, кои претходно важеа за фаворити за потпис на Германецот.
Вирц оваа сезона учествуваше на 23 натпревари во сите натпреварувања за клубот и репрезентацијата, на кои постигна 10 гола и три асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 130 милиони евра.