Преселбата на Мартин Зубименди во Арсенал е блиску до финализирање

Се очекува Арсенал да го направи клучниот играч на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, нивно прво засилување во летниот трансфер прозорец, според Фабрицио Романо.
Шпанецот е идентификуван како приоритетна цел на Микел Артета во средниот ред и тој веројатно ќе им се придружи на националните соиграчи Давид Раја и Микел Мерино на Емиратите ова лето.
Зубименди е централен играч кој сака да ја прекинува играта и да ја држи топката. Неговата способност да гради напади од средниот ред и да ја поврзи играта помеѓу одбраната и нападот ќе биде многу корисна за Арсенал следната сезона.
26-годишникот оваа сезона има одиграно 44 натпревари за Реал Сосиедад, постигнувајќи два гола, а неговата проценета вредност моментално изнесува 57,1 милиони евра.
Топџиите го сметаат Зубименди како совршена долгорочна замена за Жоржињо, за кој е јасно дека ќе го напушти клубот по истекувањето на неговиот договор во јули и ќе се приклучи на клубот во бразилската лига Фламенго.