Претседателката Силјановска-Давкова ги поздрави нашите претставници на Игрите во Италија

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Медитеранските Игри во Таранто.

Таа во текот на денов во Олимпиското село се сретна со нашите спортисти, се запозна со членовите на делегацијата и им упати поддршка пред почетокот на натпреварите. Претседателката им пожела успешни настапи и изрази надеж дека со нивната посветеност, борбеност и спортски дух, достоинствено ќе ги претстават нашите бои.

Присуството на Силјановска-Давкова е историски момент за нашиот спорт на Медитеранските игри бидејќи прв пат македонски претседател е дел од големиот регионален настан.