Претседателот на Атлетико ги сака Меси и Роналдо повторно во Шпанија

Првиот човек на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Енрико Серезо, сака повторно да ги гледа Лионел Меси и Кристијано Роналдо како играат во шпанскиот елитен шампионат.
Во моментов поранешните ѕвезди на Барселона и Реал Мадрид кои се во третата деценија од животот се активни во Франција и Саудиска Арабија.
„Би било фантастично кога Меси би се вратил во Ла Лига исто како и Роналдо. Тие сè уште играат и би било фантастично кога се вратиле“, беа зборовите на Серезо.