Претседателот на Милан: Малдини повеќе не ни е потребен
Бурни реакции предизвика во јавноста заминувањето на Паоло Малдини од Милан, а сега за првпат во јавноста се огласи претседателот Паоло Скарони.
Малдини беше човек кој според многумина беше еден од најважните луѓе во клубот поради добрата работа во спортскиот сектор. По неговото заминување навивачите бараа оставка од газдите.
Скарони сега уште повеќе го навлече бесот на фановите изјауввање дека Малдини повеќе не му бил потребен на Милан.
„Имавме само пофални зборови за Паоло, тој е голем господин и поврзан со Милан, добро работеше за овој клуб. Но, ние следиме поиновативен модел, барем за Италија и начинот на кој тука се водат клубовите.
Таквиот начин на работа не води до тоа сите да работиме како тим. Имаме чувство дека Малдини не се чувствуваше најдобро во таа организација и најдобро беше да се разделими. Секако дека имаше голем удел во успесите на Милан и сме му благодарни, но повќее не му беше потребен на Милан“, изјави Скарони.