Претседателот на ПСЖ: Нејмар и Мбапе остануваат во ПСЖ
Претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи е убеден дека Нејмар и Мбапе ќе останат во Париз.
После синоќешната елиминација на Барселона во ЛШ, претседателот истакна дека двете ѕвезди ќе останат во Париз засекогаш. „Мбапе и Нејмар се парижани и ќе останат во Париз засекогаш“, категоричен беше Ал Келаифи, кој за прв пат јавно проговори за иднината на двете ѕвезди.
Потоа тој го коментираше натпреварот како и пласманот во четвртфинале во Лигата на шампиони. „Голема чест е да се пласирате во четвртфинале во Лигата на шампионите.
Веќе заборавив што се случи пред четири години, тоа ќе остане во историјата. Елиминиравме одличен тим и сега сме меѓу најдобрите осум екипи“.