Принц од Малезија ја купува Валенсија
Валенсија ќе добие нови, многу богати сопственици. Тунку Исмаил Султан Ибрахим е многу блиску до купување на Валенсија.
Питер Лим бизнисменот од Сингапур кој е сега на чело на Валенсија е омразен меѓу фановите затоа што веќе седум години не успева да го спаси бродот кој тоне, па сега би можеч да крене раце од проектот и да го предаде на некој што повеќе ќе му се посвети.
Принцот од Малезија, инаку престолонаследник на Јохор, една од 13- те држави од кои Малезисија се состои, тежи околу 28 милијарди долари, така што со неговто доаѓање Валенсија значајно би се засилила финансиски.