Приходот од натпреварот против Велс целосно за семејствата на настраданите во Кочани

Македонската фудбалска репрезентација ги започна квалификациите за СП ,а веќе во вторник ќе го одигра и првиот домашен натпревар на националната арена „Тодор Проески“ против селекцијата на Велс.
Од друга страна на раководството на Фудбалската Федерација на Македонија кое што е Лихтенштајн, на чело со претседателот Масар Омерагиќ стигна информација дека целиот приход од билетите продадени за претстојниот меч од второто коло кое што го играме на 25 март во вторник против Велс на домашен терен ќе биде пренасочен веднаш за настраданите во трагедијата во Кочани.
„Сакам да ја информирам јавноста дека приходот од натпреварот против Велс целосно ќе биде пренасочен за настраданите во трагедијата во Кочани. Тоа е најмалку што можеме да направиме во моментов“ – изјави претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.