Причина за поразот на Челзи беше – сладолед?!
Не по своја заслуга, Челзи се пласираше во Лигата на шампионите наредната сезона. Голема работа им заврши Тотенхем кој славеше кај Лестер со 4:2 и така ги исфрли „лисиците“ од европската елита. Тухел по крајот на натпреварот призна дека беа среќни што Тотенхем ја одработи нивната работа. Англиските медиуми пишуваат дека ниту случувањата пред натпреварот во Бирмингем не им одеа од рака на „сините“ од Лондон. Клупскиот автобус на Челзи беше примен на паркингот на стадионот со 15-минутно задоцнување и тоа верувале или не, поради сладолед. Имено, редарите кои беа задолжени да го расчистат просторот за гостинскиот автобус тоа не го направиле на време. Тие не добиле повик од надредениот, па решиле да уживаат во сладоледот додека автобусот на Челзи чекал пред влезот. Раководството на Челзи веќе поднесе жалба за ваквото однесување, а тимот на Тухел за малку ќе останеше без пласман во Лигата на шампионите поради опуштеното однесување на неговите домаќини.