Проблеми за Артета, непознато колку ќе паузира Одегард

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, не мкже да фати континуитет поради повредите од почетокот на сезоната. Норвежанецот беше заменет во првото полувреме, во победата на Арсенал над Вест Хем со 2-0.

Мартин Одегард нема да биде со својата репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство.

„Мартин Одегор се повлече од норвешката репрезентација откако претрпе повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено“, се вели во соопштението на клубот.

„Мартин ќе продолжи со лекувањето и проценките во нашиот медицински центар во Лондон Колни за време на репрезентативната пауза, со цел што поскоро да се врати на теренот.“

Оваа повреда дополнително ја искомплицира ситуацијата за Микел Артета, кој веќе се соочува со низа проблеми во тимот.

Каи Хаверц, Габриел Жезус и Пјеро Хинкапие се исто така на списокот на повредени.

Одегард мораше да го напушти натпреварот во 30-тата минута од натпреварот против Вест Хем по судирот со Крисенсио Самервил.