Проблеми за Рангник пред тренерското деби во Манчестер Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед се соочува со првите проблеми пред неговото деби во Премиер лигата.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е под знак прашалник за настап на натпреварот против Кристал Палас на Олд Трафорд.
Португалецот осетил болки во коленото после победата со 3:2 во дербито со Арсенал. Извори од Јунајтед тврдат дека тој најверојатно се повредил при прославата на својот гол кој го постигна од пенал. Роналдо беше заменет во 88.минута од средбата и веднаш се упати кон соблекувалната. Нема подетални информации дали се работи за нешто посериозно или замената беше од превентивен карактер.
Германецот Рангник даде свое мислење за Кристијано Роналдо и неговата улога во тимот. „Секогаш треба да го приспособиш својот стил кон играч како Кристијано, тој е неверојатен, врвен професионалец. Досега не сум видел играч во негови години со таква физичка форма. Мораме да го развиеме целиот тим, не само него. Играме во најсилната лига во светот и сите негови соиграчи ќе мора да го сторат истото како него“, изјави Рангник.