Проблеми за Сакраменто, се повреди Китан Мареј

Кошаркарот на Сакраменто, Киган Мареј, не можеше да го одигра второто полувреме од натпреварот против Детроит. 25-годишниот поентер има проблем со листот на десната нога.
Играчот се повреди во втората четвртина откако лошо падна по обид да изблокира шут на противничкиот играч.
Мареј имаше 2 поени (1 од 4 од поле), 1 скок, 1 асистенција, 1 украдена топка и 2 блокади за 20 минути поминати на теренот.