Проблеми со законот за американската фудбалерка Хоуп Соло

Поранешната светска и олимписка фудбалска шампионка со селекцијата на САД, Хоуп Соло е уапсена поради возење во пијана состојба, соопшти американската полиција. Во нејзиниот автомобил имало и две деца, за кои се верува дека се нејзините 2-годишни близнаци.
Според извештајот, апсењето се случило во четвртокот на паркингот пред трговскиот центар во Винстон-Салем, Северна Каролина. Покрај тоа што возела во алкохолизирана состојба, поранешната голманка на САД е обвинета и за давање отпор при апсење и загрозување на здравјето на децата.
Таа е пуштена од притвор и треба да се појави на суд на 28 јуни.