Проблем за Бразил: Нејмар заработи посериозна повреда?

Еден од најдобрите фудбалери во бразилската репрезентација, Нејмар, не ја прослави со своите соиграчи победата над Србија, бидејќи поради повреда мораше веднаш да замине во соблекувалната. 

Нејмар поради повреда на скочниот зглоб, беше заменет во 79.минута од натпреварот во кој Бразил славеше победа против Србија со резултат 2:0. Бразилскиот напаѓач повредата ја заработи после еден дуел со српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ.  

Според објавените фотографии на бразилските медиуми се гледа како Нејмар поради болки од повредата плаче на клупата за резервни играчи. Од таборот на бразилската репрезентација соопштија дека ќе треба да се почека од 24 до 48 часа за лекарскиот тим да има добра проценка за сериозноста на повредата на фудбалерот.