Проблем за Ливерпул – Салах ја одбил понудата за нов договор
Сагата околу новиот договор на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах продолжува. Актуелниот договор на египетскиот репрезентативец со клубот од Енфилд истекува на крајот од следната сезона, а до неодамна се сметаше дека преговорите се одвиваат задоволувачки за двете страни.
Сепак познатиот новинар Фабрицио Романо открива дека Салах и неговиот менаџер не планираат да ја прифатат најновата понуда на Ливерпул за нов договор. Разговорите се прекинати од декември минатата година и досега не се обновени.
Новинарот додава дека приоритет на напаѓачот е да остане на Енфилд, но не под сегашните услови. Така сега на потег се челниците на Ливерпул, кои ќе треба да ги преиспитаат условите околу нова понуда за Салах.