ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИИ НА 77БИТС – ПОТТИКНУВАЊЕ ТАЛЕНТ И ИНСПИРАЦИЈА ЗА УСПЕХ
Вчера 28.09.2023 година во Битола е потпишан меморандум за соработка помеѓу директорката на СОУ “Ѓорѓи Наумов” од Битола, Жанета Сервини и извршниот директор на 77битс, Александар Анастасовски.
77битс, дел од КС Групацијата е нова компанија во првите редови на секторот за информатичка технологија, фокусирана на нејзината визија за технолошки напредна иднина. Со оваа соработка, компанијата ги проширува своите хоризонти надвор од нејзината основна дејност во ИТ индустријата.
Посветеноста на компанијата 77битс на општествената одговорност преку поддршка на образованието е доказ за нивното верување дека со подигање и едукација на поединци, подигаме цели заедници и општeството како целина.
Ова партнерството ќе им обезбеди на заслужните ученици од СОУ “Ѓорѓи Наумов” од Битола пристап до стипендии, ублажувајќи ги финансиските бариери, овозможувајќи им да се фокусираат на нивното образование.
Соработката исто така претставува премостување на јазот помеѓу образованието и професионалниот свет. Со поттикнување на концептот на “Учење преку работа” им овозможува на учениците да ја обавуваат својата феријална пракса во рамките на компанијата обезбедувајќи им непроценливо практично искуство во ИТ индустријата.
Во ера каде корпоративните активности се важни, 77битс претствува инспиративен пример за тоа како бизнисите можат да бидат сила за позитивни промени. Нивната посветеност на образованието не е само инвестиција во поединци, тоа е инвестиција во посветла, попросперитетна иднина за сите нас.