Продажбата на француските дресови порасна за 2400 проценти!

Францускиот селекторт Дидие Дешамп по шест години го врати Карим Бензема во репрезентацијата.

Одличниот напаѓач на Реал во последните две години игра во фантастична форма и селекторот едноставно не можеше веќе да го игнорира, па го вклучи во списокот за претстојното Европско првенство.

Бензема беше во центарот на случувањата по скандалот во кој од неговиот соиграч Метју Валбуена бараше 150 илјади евра за да не објави негова секс снимка со наводно малолетна личност, а подоцна рече и дека Дешамп подлегна на притисокот на расистите, па затоа не го повикал за репрезентација.

Но, селекторот се одлучи да го врати, а колку тој потег беше популарен помеѓу француските навивачи доволно говорат бројките. Откако Дешамп го објави списокот на кој се најде и напаѓачот на Реал, продажбата на дресовите на француската репрезентација порасна за неверојатни 2400 отсто!