Продолжува војната на зборови меѓу АТП и Вимблдон

По објавувањето на одлуката на АТП да не се доделуваат бодови на Вимблдон, се огласи и управата на „неофицијалното светско првенство“ за тенисери.

Во официјалното соопштение, управата на Вимблдон соопшти дека нема да се откаже од одлуката тенисерите од Русија и Белорусија да не учествуваат на овој турнир:

„Прифаќаме дека нашите мислења се различни кога станува збор за одлуката да не им дозволиме на играчите од Русија и Белорусија да учествуваат на турнирот и длабоко жалиме за сите поединци кои беа погодени од ова.

Сепак, земајќи ја предвид одлуката на британската влада да го ограничи глобалното влијание на Русија, остануваме на ставот дека ја донесовме единствената правилна одлука за Вимблдон како глобално признат спортски настан и британска институција и ќе се држиме до неа.