Пропадна трансферот на Верати во Саудиска Арабија
Марко Верати повеќе од една деценија е дел од францускиот прволигаш Пари Сен Жермен, поточно е играч со најголем стаж од сите фудбалери во сегашниот состав на клубот од „Паркот на принцовите“.
Меѓутоа пред неколку дена се изгледаше дека ќе заврши приказната на Верати со ПСЖ, односно тој ќе замине во Саудиска Арабија од каде имаше интерес од Ал Алхи и Ал Хилан.
Информациите беа дека играчот е спремен за таков чекор, но проблем направија „светците“ кои бараа високо обештетување за Италијанецот.
Овој процес застана, се одолговлечи, па играчот за врска решил да донесе јасна одлука за иднината и да остане и оваа сезона во Франција. Ова е информација на „Л’Екип“ што значи дека Марко сега ќе може максимално да биде фокусоран на предизвиците со ПСЖ, тим кој има високи амбиции и во натпреварувачката 2023/2024.