Пропадна трансферот на Ребиќ во Хајдук

Една од најдолгите трансфер саги, во регионов ова лето заврши. Како што објави „Далматински портал“, 31-годишниот напаѓач, Анте Ребиќ, кој моментално е без клуб, не успеа да постигне договор со Хајдук.

Причината се финансиите. Новиот спортски директор Горан Вучевиќ и раководството на Хајдук не сакаат да даваат преголеми договори, а договорот бил да се понуди максимум 400 илјади евра годишно со бонуси.

Според сите информации, Ребиќ барал речиси двојно повеќе, околу 750 илјади евра.

Ребиќ има неколку понуди. Една е од Холандија, а неколку од нив се од Блискиот Исток и други делови од Азија. Наводно му нудат над два милиони евра таму, но Ребиќ сака да игра фудбал во Европа додека сè уште може.

Поранешниот хрватски репрезентативец е слободен агент откако неговиот едногодишен договор со Лече истече на почетокот на јули. Ребиќ не се истакна таму и постигна само еден гол на 27 настапи во Серија А, па Лече одлучи да не му понуди нов договор.