Прославена шампионската титула на РК Еурофарм Пелистер
Во луксузниот амбиент на Голд Фелициа во Битола на 3ти јуни со свечена прослава РК Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула и го означи крајот на тековната сезона. На прославата покрај играчите и стручниот штаб беа присутни спонзорите и поддржувачите на клубот.
На настанот свое обраќање имаа челните луѓе на клубот кои им се заблагодарија на сите играчи за нивниот максимален влог во текот на сезоната кој триумфираше со освојувањето на шампионската титула. Прославата беше искористена и за проштален поздрав со седумте ракометари кои го напуштаат клубот.
Со шампањ и заеднички фотографии за спомен на добрата сезона се заокружи свечената прослава на РК Еурофарм Пелистер клубот кој го етикетира градот Битола како ракометен град.