Протест на аргентинските навивачи во Доха
Навивачите на фудбалската репрезентација на Аргентина, организираа протест пред хотелот во
Доха, каде се сместени членовите на Аргентинскиот фудбалски сојуз, од кои бараат да им
помогнат во добивање на влезници за финалето на СП против Франција.
Стадионот Лусаил каде ќе се игра финалето на Мундијалот во Катар, прима 89 илјади гледачи, а
според наводите на медиумите, во Катар има повеќе од 30 илјади Аргентинци кои сакаат да
присуствуваат на финалето.
Влезниците за финалето кои вредат 750 долари, на црниот пазар се продаваат за 4 илјади долари.
Аргентинскиот сојуз се согласил да разговара со навивачите и да се најде решение за проблемот.