Противници од Германија, Шпанија и Полска за пелистерци во Европската лига

Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во престанати сезона на Европската лига. Битолчани денес ги дознаа противниците во групната фаза во која ќе бидат дел од Г групата. Во неа за противници ќе ги имаат германскиот Гумерсбах, шпанската Ла Риоха од Шпанија и тимот на Вибжеже Гдањск од Полска.

Натпреварите ќе почнат на 29/30 септември и ќе играат шест кола. Од вкупно 32 екипи, пласман во нокаут фазата ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.

Група А:
Нексе (Хрватска), Елверум (Норвешка), Сен Рафаел (Франција), Хамарби (Шведска)

Група Б:
Бидасоа Ирун (Шпанија), Лимож (Франција), Хафнафјердур (Исланд), Маритимо (Португалија)

Група Ц:
Извиѓач (БиХ), Шафхаузен (Швајцарија), Шамбери (Франција), ЦСМ Букурешт (Романија)

Група Д:
Савехоф (Шведска), Татран Прешов (Словачка), Сесвете (Хрватска), Бергишер (Германија)

Група Е:
Фленсбург (Германија), Гранољерс (Шпанија), Бузау (Романија), Агуаш Санташ (Португалија)

Група Ф:
Бенфика (Португалија), Карвина (Чешка), Тораловега (Шпанија), Холстебро (Данска)

Група Г:
Еурофарм Пелистер (Македонија), Гумерсбах (Германија), Ла Риоха (Шпанија), Гдањск (Полска)

Група Х:
Татабања (Унгарија), Валур (Исланд), Слован (Словенија), Морс-Ти (Данска)

Почнувајќи од февруари 2026, ќе се играат елиминациските натпревари. Во нив на тимовите од групната фаза ќе им се приклучат трето и четврто пласираните екипи од Лигата на шампионите по одигрувањето на групите.