Против сите правила, Анчелоти носи ново засилување!

Познатиот бразилски фудбалер Фелипе Андерсон, би можел во текот на зимскиот трансфер период да заврши во Евертон, бидејќи за него постои голем интерес кај Карло Анчелоти, кој го познава уште од Серија А. Бразилскиот офанзивец во моментот е на позајмица во Порто од Вест Хем, а Анчелоти го гледа како решение на плејмејкерската позиција. Во случај на доаѓање на Гудисон Парк, некогашниот фудбалер на Лацио ќе биде замена за Бернард, кој полека ги пакува куферите за заминување. Целиот трансфер се компликува бидејќи Андерсон е на позајмица во Порто, но Анчелоти има надеж со оглед на тоа што бразилецот е во втор план на „Драгао“. Андерсон сезонава настапи за Вест Хем и Порто, а и понатаму важи правилото дека еден фудбалер не може да го носи дресот на три различни клубови во иста сезона, па на потег е ФИФА која ги релаксираше правилата во вакви ситуации поради КОВИД-19.