Против фудбалер на Сити поднесени четири обвиненија за силување

Британското јавно обвинителство поднесе четири обвиненија за силување и едно за сексуално вознемирување против дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенјамин Менди.

Французинот, според обвиненијата, малтретирал три личности постари од 16 години од октомври минатата година до август годинава и во моментот се наоѓа во притвор, пред да излезе пред истражен судија, потврди полицијата од областа Чешир.

Деталите на обвиненијата не се познати, но Сити веднаш објави дека Менди е суспендиран.

„Се работи за казнено дело и клубот во моментот не може повеќе да коментира. Менди е суспендиран.“ – вели портпаролот на Манчестер Сити, а пренесуваат англиските медиуми.